Момче претепано во Старата скопска чаршија

Oколу 15,30 часот 23-годишниот Г.Р. од Скопје пријавил дека додека седел во угостителски објект во старата скопска чаршија, му се приближил Ј.М. и го повикал Г.Р. да излезе надвор од локалот, по што заедно со уште две непознати лица физички го нападнале.

Г.Р. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница Св. „Наум Охридски“.

Ј.М. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

11.03.2018 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега