Страотна несреќа кај Дебар: Дрвата го спасиле да не падне во река

Во 09.00 часот на регионалниот пат од Дебар кон Маврови Анови, во близина на крстосницата за село Врбјане, Б.К.(30) од Дебар управувајќи патничко моторно возило „Сеат Толедо“ со дебарски регистарски ознаки излетал од патот.

Незгодата се случила поради  неприлагодената брзина, при што двајца сопатници се здобиле со повреди.

Според МВР со тешки телесни повреди се здобил сопатникот М.Ш.(58) и истиот по укажана лекарска помош е задржан во Ургентен центар Гостивар.

Извршен е увид на местото на настанот.

Фотографијата од местото на несреќата ја објави ТВ Сител.

 

 

 

11.03.2018 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега