Прегазен маж почина кај Куклиш, возачот побегнал

На регионалниот пат Струмица-Банско, на излезот од селото Куклиш синоќа во 21 часот и 20 минути од засега непознато возило е прегазен маж. 

По несреќата возачот веднаш побегнал, а прегазениот маж починал на местото на несреќата.

Жители на селото Куклиш потврдуваат дека нивниот соселанец Г.С. (61) починал веднаш од здобиените повреди, а телото било однесено на обдукција во Скопје.

Од струмичката полиција ја потврдија несреќата, а со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.

 

 

 

12.03.2018 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега