СДСМ: Исплатен надоместок на вработените во Еурокомпозит, се работи на наоѓање трајно решение

 

Со реализација на одлуката на Владата предводена од СДСМ, надминати се наследените проблеми во АД 11 Октовмри Еурокомпозит и на вработените во ова претпријатие исплатен им е надоместокот.

Министерството за внатрешни работи ја продолжи реализацијата на договорот со АД 11 Октомври Еурокомпозит, изврши репрограмирање на обврските кон Еурокомпозит и изврши авансна исплата на обврските предвидени со Договорот за изработка на производи наменети за потребите на министерството. Откако МВР ги исполни своите обврски и изврши авансна исплата, Министерството за финансии преку трезорската сметка веднаш ги префрли парите на АД 11 Октомври Еурокомпозит, со што за секој од вработените е обезбеден надоместок од 22.000 денари.

Покрај исплатата на надоместокот за вработените, Владата предводена од СДСМ активно се вклучи во изнаоѓањето трајно решение на проблемите во фабриката АД 11 Октомври Еурокомпозит. Во таа насока, Владата предовдена од СДСМ ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата, а ќе бидат разгледан можни решенија за системско решавање на напластените проблеми од изминатите години“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

 

 

12.03.2018 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега