Фатен возачот кој прегази и усмрти пешак кај Куклиш

Вчера околу 21 часот и 50 минути на регионалниот пат село Куклиш – село Свидовица, непознат возач управувајќи непознато возило удрил во 61- годишниот Г.С од село Куклиш кој починал, по што возачот го напуштил  местото на настанот.

По преземени мерки, околу 23 часот и 30 минути во село Ињево, радовишко, од слобода е лишен 26- годишниот Д.Г од истото село поради сомнение дека истиот управувајќи патничко моторно возило “Фолксваген Венто”, сопственост на неговиот татко, го удрил и усмртил Г.С.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

12.03.2018 - 10:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега