Министерот Спасов донираше покуќнина и електрични апарати во рамките на акцијата „Топол дом“

 

Денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов  заедно со директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски, претставници на општина Штип и на Центарот за социјални работи, во рамките на акцијата „Топол дом“ донирааше покуќнина и електрични апарати на семејството Стојанови.

- Тука сме во Штип, кај едно семејство кое има потреба од донација, граѓаните обезбедија кревет, шпорет, болјер и електрични панели за затоплување кои што едноставно ќе и помогнат на оваа жена и на оваа семејство во надминување на потешкотиите со кои се соочува, вели Спасов и посочува дека досега имаат околу 2.500 барања за донации од страна на граѓани на кои што им треба покуќнина или некој електричен апарат. Досега во центрите за социјални работи се пријавиле околу 400 донатори, кои сакаат да донираат во рамките на акцијата „Топол дом“.

Вида Стојанова живее во трошна куќа и веќе четири години е примател на социјална парична помош. Таа  вели дека е благодарна што денеска пристигна донацијата во нејзниот дом. - Благодарна сум многу што ми излегоа во пресрет и ми донесоа, а со тоа ми помогнаа многу. Останува уште да имаам барем малку дрва за зимата, вели Стојанова.

Директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски истакна дека ова штипско јавно претпријатие ќе излезе во пресрет на барањето на Стојанова за огревно дрво.

Донатори во оваа акција „Топол дом“ се Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и штипјанецот Драги Илиев, кој истакна дека секој граѓанин треба да се вклучи во акцијата, а како што рече секој има по нешто што не му е потребно во подрумите.

Во Центарот за социјални работи-Штип досега 300 граѓани побарале да добијат донации во рамите на акцијата „Топол дом“.

07.09.2013 - 13:35
Фото: 
Влада

најчитано сега