Исповед на братот на Кили: Ја засадивме дрогата бидејќи брат ми има тумор!

Братот на актерот Кирил Поп Христов-Кили кој вчера беше приведен бидејќи си направил цела лабораторија за марихуана во викендицата во Визбегово, се огласи на социјалната мрежа Фејсбук за марихуаната која ја засадиле.

- Ќе ви ја ја кажам приказната во кратки црти бидејќи се изначитав глупости лаги и измислици. На Кили му е дијагностициран тумор кој по конвенционален медицински пат не би сакале да го лечиме поучени од скората смрт на нашите родители (мајка ми умре од рак пред неколку мецеси благодарение на нашите доктори, а татко ми од тумор, исто така, благодарејќи им ним). Седнав и почнав да барам на интернет кои други начини и лекови постојат. По многу прочитани независни научни трудови и статии како најсилен односно единствен лек за рак моментално е токму марихуаната, но не сатива, туку индика или медицинска марихуана. Ги купивме семките и ги посадивме. Во ниеден момент тоа не го правевме тајно бидејќи јас нарачките ги правев од мојот маил. Полицијата замислете, шест месеци арчела време, ангажирала луѓе, не следеле, пустеле, правеле за на крај нивниот плен од плантажите на Кили е цели 35 грама, да добро прочитавте, 35 грама. Не е вистина дека се 80 саксии, туку се 40 саксии. Јас немам потреба да лажам, ниту губам ниту добивам нешто со тоа. За крај, нашата мила министерка многу милува да каже дека никој не е над законот, но јас ќе и кажам дека ЖИВОТОТ е над законот, особено животот на мојот брат е над сите закони, вклучувајќи го и вашиот закон госпоѓо министерке. Знаејќи го ова, мислам дека дојде време ако не за легализација, барем за декриминализација на ова растение од самиот Бог дадено, си ја отвори душата на Фејсбук братот на актерот.

На Кили сепак му беше определен притвор од 30 дена откако полицијата откри дека тој си одгледувал дрога при претрес на неговата викендица во Визбегово. При претресот беа пронајдени 82 саксии од растението Канабис Сатива.

07.09.2013 - 14:29

најчитано сега