На скопјанка и ја киднапирале ќерката пред нејзини очи
Во 19 часот и 45 минути во Полициската станица Тетово, 39-годишната Ф.С. од Скопје, со привремен престој во Тетово, пријавила дека истиот ден околу 19 часот кај неа дома дошол 38-годишниот Д.К. од Тетово и насилно ја земал нејзината ќерка.
Се работи за 18-годишната Е.С. за која мајката се обидела да го спречи во намерата, но насилникот ја удрил два пати по главата, ја внел Е.С. во неговото возило и ја однел кај него дома.
По преземени мерки, Д.К. и Е.С. биле пронајдени и однесени во СВР Тетово. За настанот е запознаен Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот.
14.03.2018 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа