Притворен кумановчанец ја запалил ќелијата во затворот
Во 15 часот и 45 минути вчера во Полициската станица Охрид, вработен во Казнено поправната установа “Затвор Охрид“ пријавил дека на 12. во 20 часот и 20 минути во една од собите во притворското одделение, 31-годишниот Л.М. од Куманово, најверојатно со запалена цигара, запалил ќебиња и јоргани во просторијата каде бил сместен.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот, пожарот бил изгаснат.
14.03.2018 - 10:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа