Деца донеле новороденче во полицијата во Бит Пазар
Околу 23 часот и 55 минути во Полициската станица Бит Пазар дошле две малолетни лица на возраст од 16 и 17 години кои донеле новороденче родено 04.03.2018 година, а кое не било пријавено во евиденциите на Матичната книга на родените.
Тие изјавиле дека бебето било запуштено и било без грижа од родителите М.Ш. и К.Н. Од страна на полициски службеник бил извршен разговор со родителите, а новороденото бебе било предадено на социјален работник од Јавната установа-Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје.
По целосно расчистување и документирање на настанот, против родителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа