СДСМ: Груевски нема да избегне одговорност со конфликти и тензии
По денешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот премиер Никола Груевски да се спречи донесувањето на Законот за употреба на јазиците со блокирање на говорницата на претседателот на Собранието, Талат Џафери, реагираат и од СДСМ:
„Случувањата во Собранието на Република Македонија потврдија дека токму Никола Груевски стои зад обидите да се блокира работата на Собранието и зад обидите да се блокираат реформските процеси и евро-атлантската перспектива на Македонија. Истовремено, тоа е потврда дека Христијан Мицкоски е само марионета на осомничениот Груевски и дека воопшто не поседува капацитет за да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ претходно веќе го прифати Законот за употреба на јазиците, како и тоа што од 35 илјади, речиси 33 илјади амандмани се однесуваат само на казнените одредби, докажуваат дека поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ немаат врска со законот туку служат само за блокада на Собранието. Осомничетиот Груевски кој 11 години преку политиките на криминал, насилство, омрази и поделби ја уништуваше Македонија, продолжува да работи спротивно на интересите на граѓаните и државата. Со таквото однесување, Груевски ја води ВМРО-ДПМНЕ кон пропаст“, велат од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа