СДСМ: Иванов не е над Уставот
СДСМ денеска со соопштение реагираа на вчерашната изјава на претседателот Иванов кој рече дека нема да го потпише Указот за Законот за јазиците.
- Наместо да го осуди насилството што се случи во Собранието, Ѓорге Иванов продолжува со неговите политики на поделби, раздор и конфликт Иванов е должен да постапува по членот 75 од Уставот на Република Македонија, во кој е јасно наведено дека доколку претседателот не го потпише указот за прогласување на законот, Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот“, нагласуваат од партијата.
Од СДСМ истакнуваат дека Иванов е на должност пред граѓаните и законите, а не пред партијата и дека со непотпишување го крши Уставот и дека ова ќе биде едно општество за сите.
Од владејачката партија исто така додаваат дека законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и амандманот 5, кои се донесени пред 17 години и со неговото усвојување не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа