Младо момче се бори за живот: Се обидело да се отруе со средства за чистење

Дваесет и осумгодишен велешанец вчера се обидел да се отруе, испивајќи средства за чистење во домаќинството. Испил половина литар течност ,,Доместос’’ и 50 милилитри од течноста ,,Арф’’.

- „Вчера во 19.15 часот во ЈЗУ Општа болница- Велес е донесено 28-годишно лице, кое се затруло со испивање на ,,Доместос’’ и ,,Арф’’. По извршениот лекарски преглед е констатирано дека лицето е во животна опасност и истиот со возило на Брза Помош е однесено во Државна болница – Скопје на понатамошно лекување – потврдија од СВР Велес, пренесе Фокус.

 

 

 

15.03.2018 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега