Технички проблеми во Собранието го проблематизираат гласањето за Законот за јазиците

 

За серија технички неправилности на гласањето за Законот за јазиците реагираат дел од пратениците кои вчера го поддржале ова законско решение, а системот на законодавниот дом ги регистрирал како пратеници кои не гласале.
Пратеникот од мнозинството Ферид Мухиќ е еден од нив.

„Го притиснав копчето, не знам како, остана нерегистрирано. Апсолутно сум гласал, како и што се гледа при гласањето на немнозинските пратеници дека сум кренал рака. Овој закон е уставен и исправен и за доброто на граѓаните на Република Македонија“, кажа Мухиќ, пренсе Сакамдакажам.

Како пратеници кои не гласаа беа регистрирани и лидерите на БЕСА и Алијансата, Африм Гаши и Зијадин Села.
За разлика од Миухиќ тие се сомневаат за саботажа на системот обвинувајќи ја власта за политички игри со кои сакаат да им нанесат политичка штета.

„За тоа треба да се обратите до собраниските служби, тие мора да знаат што се случило. Јас кога гласав си покажа дека е гласано. ДУИ најверојатно стои позади тоа заради ниска пропаганда, вели лидерот на Алијанса на Албанците за Фокус.

Со сличен став и Гаши.

Сигурно има нешто, може да е намерно направено. Како може само јас и Села според листингот да не сме гласале. Има некоја тенденција, но ако немаме докази не можеме да тврдиме – вели Гаши

Во ваква ситуација се поставува прашањето околу исправноста на системот за гласање во Собранието, со оглед на тоа дека веќе 3 пратеници велат дека гласале спротивно од она што официјално го покажал системот. Останува нејасно дали и претходно можеби имало вакви ситуации, особено ако се знае тенкото мнозинство и константниот недостаток на кворум.

Џафери му одговори дека е можно да изминало времето за гласање, бидејќи, како што кажа, во моментот на гласање, технички не може никој да влијае.

 

 

15.03.2018 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега