Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Гевгелија против двојазичноста во нивниот град
На денешната седница на Советот на општина Гевгелија, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара прва точка на дневен ред да биде ставена дискусија на законот за двојазичност и неговите општо применливи и финансиски импликации во нивниот град.
Советниците на СДСМ не дозволија двојазичноста да биде ставена на дневен ред, по што советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на Советот.
Имено пред почетокот на седницата, советниците од ВМРО-ДПМНЕ пред нив поставија листови со испишани пораки до советниците на СДСМ во врска со двојазичноста.
Со законот за двојазичност истата се наметнува на целата територија на Република Македонија и без за тоа да постои реална потреба, во места каде што нема ниту еден Албанец. Законот кој беше донесен на сила наиде на голем отпор кај граѓаните, а жителите од внатрешноста на државата веќе велат дека истиот е неприменлив, реагираа советници од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа