ВМРО-ДПМНЕ: Законот неприфатлив - Заев и Џафери ја доведоа во прашање и препораката за ЕУ

 

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение денеска реагираа на политичката ситуација со законот за јазиците:

„СДСМ го погази деловникот за работа на Собранието. Владеачкото мнозинство ја спречи амандманската расправа и насилно го прогласи неуставниот закон за двојазичност за изгласан. СДСМ ја обезвредни улогата на Собранието и пратениците и на сила истурка закон без да го испочитува правото на пратениците со амандмани да интервенираат во истиот.

Законот ваков каков што насилно го истурка власта е неуставен, неприменлив и штетен. За ВМРО-ДПМНЕ ваквиот закон е неприфатлив.

Насилното гласање е одлика на недостатокот на демократски капацитет на оваа власт. СДСМ покажа дека не знае да менаџира со државата за доброто на граѓаните. СДСМ во изминатава година демонстрираше насилств, незнаење, расипништво и злоупотреба на законите и институциите. Законите и институциите беа злоупотребени за пресметка со политичките неистомисленици на власта. Правосудните органи ги заборавија Уставот и законите и се ставија во служба на СДСМ, неосновано ставајќи во притвор десетина патриоти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

16.03.2018 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега