Пратениците на СДСМ во „домашен притвор“ - не излегуваат од дома за да не иритираат
Пратениците на СДСМ веќе втор ден се затворени во своите домови по одлуката да го поддржат Законот за јазиците во Собранието. Пред нивните домови, незадоволни граѓани одржуваат собири и го изразуваат сојот револт за како што велат, извршеното предавство.
Најлошо вчера помина пратеничката на СДСМ од Валандово чиј автомобил беше запален во дворот на нејзиниот дом.
Медиумите јавуваат и за протести пред домот на еден пратеник во Велес, но и серија графити и летоци со навредлива содржина.
Пратеникот од коалицијата на СДСМ, Ферид Мухиќ вчера во Собранието потврди дека пратениците имаат проблем со слободното движење и дека се договориле да не излегуваат од дома за како што рече „да не го иритираат народот“
Од полицијата велат дека будно ја следат оваа состојба. За таа цел веќе ги имаат зголемено патролите и дежураат пред куќите на народните избраници.
Законот за јазици помина во Собранието со 64 гласа од кои најголем дел дојдоа токму од СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа