Пратеничката на СДСМ вели дека не се плаши а полициски џип и ја чува куќата

 

Пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска, денеска на прес конференција рече дека нема од што да се плаши и дека нејзината куќа не ја чува полицијата.

Нема од што да се плашам, не барав, ниту имам полициско обезбедување. Ние веруваме во едно општество за сите. Немавме никакви препораки да седиме дома, јас немам од што да се плашам. Два дена останав во Скопје, а баш вчера бев и на кафе со колешки“, вели Шахпаска по информациите дека некои од пратениците имале препораки да седат дома и по палењето на автомобилот на пратеничка од парламентарното мнозинство.“ - вели Шахпаска.

И додека таа седи во Скпоје, на социјалните мрежи може да се види фотографија направена пред нејзината куќа на која може да се види дека истата ја обезбедува полициски џип.

 

 

 

16.03.2018 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега