СДСМ: Агенцијата Стандард и Пурс ги потврди успешните економски политики на Владата
Агенцијата Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг ББ- на Македонија и во својот извештајот го потврдува напредокот на Република Македонија, што е уште едно признание за успешноста на работата на Владата предводена од СДСМ- се вали во соопштението на партијата.
-Нотираниот напредок во подобрување на политичката стабилност, транспарентноста, реформите во праводуството, јавните набавки и јавната администрација, според извештајот на Стандард и пурс, може позитивно да влијае врз подобрување на довербата и интензивирање на економскиот раст- стои во соопштението на СДСМ.
-По подобрувањето на кредитниот рејтинг на Македонија од негативен во позитивен, од страна меѓународната кредитна агенција „Фич“, Извештајот на Стандард и Пурс е уште една потврда од меѓународно призната институција дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и дека Македонија се движи во добар правец- додаваат оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа