Хорор во Македонија: Мајка и ќерка излегле на прошетка, па пронашле труп

Вчера 65-годишната М.Д.од Гевгелија пријавила дека истиот ден околу 13 часот и 30 минути додека пешачела со нејзината пријателка до чешмата викана „Долна Чешма“ во селото Хума-гевгелиско забележале починато лице.

На местото на настанот излегла увидна екипа од Полициска станица Гевгелија и било утврдено дека починатиот бил 67-годишниот С.П.  од Гевгелија.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош од Гевгелија била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

 

 

19.03.2018 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега