Груевски: Посетата на Нимиц во Атина веројатно ќе го раздвижи процесот

Вчера македонскиот премиер, Никола Груевски, по обиколката на градежните активности на автопатот Демир Капија - Смоквица, кај Миравци, изјави дека посетата на медијаторот Метју Нимиц во Атина, веројатно ќе го раздвижи процесот.

- Вообичаено, јас не давам изјави пред доаѓањето на господинот Нимиц, особено поради тоа што тој самиот треба тоа да го направи па да каже зошто доаѓа, ако доаѓа и така натаму. Не би сакал да му импутирам некои работи што јас ги мислам или како ги мислам. Би кажал општо само дека со ова доаѓање, веројатно ќе има одредено раздвижување во процесот. Колку тоа раздвижување ќе биде поголемо или помало останува да се види. Во секој случај, станува збор за негова редовна активност за посета на двете држави, изјави синоќа македонскиот премиер.

08.09.2013 - 10:28

најчитано сега