Михајловски: Иванов е единствениот во овој момент кој работи според Уставот и во интересот на граѓаните
Ѓорѓе Иванов е единствениот во овој момент кој работи според Уставот, според законот и во интересот на граѓаните на Република Македонија како унитарна држава и мислам дека токму тоа е трнот во око на неговите политички противници, истакна Тони Михајловски во емисијата Алфаскоп.
Михајловски додаде дека власта по секоја цена пробува да го прогласи претседателот Иванов за човек кој е против законот.
Тој се повика на Алински, за пример како да се обезвредни кариерата на една личност.
-Господинот Алински рече се фаќа една личност, се таргетира, се уништува, се зборува лошо за него, се дискридитира, неговата кариера се става на тапет и неговото влијание кај народот биде што помало, за да се обезвредни човекот, истакна Михајловски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа