Груевски: Надоместокот за самохрани родители со деца со посебни потреби се зголемува за 50 отсто
Синоќа премиерот на Македонија, Никола Груевски, по обиколка на градежните активности на новата делница од автопатот Демир Капија - Смоквица, изјави дека ќе се зголеми месечниот надоместок за самохраните родители ко иимаат деца со посебни потреби, и тоа за 50 проценти.
Груевски синоќа изјави дека надоместокот кој досега беше 4.200 денари, ќе се зголеми за 50 проценти и ќе изнесува 6.400 денари.
Парите за оваа намена се предвидени во буџетот, а според премиерот, целта е да им се помогне на самохраните родители кои имаат деца со посебни потреби.
08.09.2013 - 11:39