Камион се заби во сообраќаен знак - возачот итно во болница

Во 22 часот и 45 минути на магистралниот пат Штип-Радовиш, на крстосницата со општинскиот пат за селото Селце, товарно возило влекач „Сканија Р500“ со српски национални и регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Ш.С. од Република Србија, удрило во сообраќаен знак.

Веднаш по незгодата, со возило на Итна медицинска помош возачот бил пренесен во Клинички центар Штип каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Во периодот од 23.00 до 05.00 часот на 20.03.2018 година, сообраќајот бил во прекин во двата правци.

 

 

 

20.03.2018 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега