Прилепчанец дивеел на улица зошто го сопреле да прави алкотест
Во 22 часот и 40 минути во Полициската станица Прилеп, додека двајца полициски службеници вршеле алкотест на 27-годишниот Д.С. од Прилеп, поради претходно случена сообраќајна незгода, Д.С. почнал да им се заканува и да им упатува навредливи зборови.
Тој бил предупреден да престане, но продолжил со заканите и навредите.
Во еден момент се обидел да го удри едниот полициски службеник, по што почнал да го влече и турка.
Набргу потоа, Д.С. бил совладан и бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
20.03.2018 - 14:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа