Прегазена жена во Кисела Вода

Уште една сообраќајна несреќа вчера на подрачјето на Скопје. Откако беше прегазено детенце во Батинци, во 12 часот и 30 минути на крстосницата од улиците “Христо Татарчев“ и “1511“, во населба Кисела Вода, патничко моторно возило „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки управувано од 49-годишниот Л.И. од Скопје удрило во пешак.

Се работи за 79-годишната С.Т. од Скопје која по незгодата е пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде што и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување, информираат од полицијата.

Од страна на увидна екипа при СВР Скопје извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

21.03.2018 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега