Видео: Цукерберг - „Во 2017 откривме многу профили за лажни вести од Македонија“
Во Македонија откривме голем број лажни профили што генерираат лажни вести, рече Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“ во неговото прво интервју и појавување во јавноста откако деновиве изби скандалот со злоупотреба на повеќе од 50 милиони кориснички профили.
– Во 2017 година креиравме алатки со кои детектиравме лажни профили и акаунти што генерираат лажни вести. Голем број такви акаунти откривме во Македонија – рече Цукерберг во ексклузивното интервју за „Си-ен-ен“ кое го пренесува „AdToDate“ и може целосно да го прочитате тука.
22.03.2018 - 12:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа