Состанок на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во недела - ќе се разговара за враќање во Собрание

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на координација со пратениците, на која ќе се дебатира за враќањето на најголемата опозициска партија во Собранието, откако Врховниот суд, притворот на Крсто Мукоски и на Сашо Василевски им го замени со куќен притвор, објави ТВ24.

За оваа одлука да биде конечна треба да биде потврдена и од останатите партиски органи ИК и ЦК, кои се очекува да заседаваат во недела.

Освен за враќање во Собранието, на координацијата ќе се дискутира и за преговорите со власта во работните групи за реформските закони. Преговарачите ќе ги известат колегите во која фаза е усогласувањето со СДСМ.

 

 

30.03.2018 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега