СДСМ: Наместо да ја развива инфраструктурата, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош
ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да изгради модерна и квалитетна патна инфраструктура, но наместо тоа партијата реши криминално и расипнички да потроши стотици милиони евра на барок, лускуз, споменици, врби и тендери за сопствено богатење, реагираа од СДСМ за прес-конференцијата на Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие ги обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека не само што не ја развиле инфраструктурата, туку оставиле пустош, а поради нивната неспособност и пропустите на започнатите проекти, државата и буџетот беа оштетени за стотици милиони евра, пари на граѓаните.
„Очигледна е разликата помеѓу таквото расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ. Започнатиот сериозен инвестициски циклус за подобрување на целокупната патна инфраструктура во вредност од 270 милиони евра за изградба и реконструкција на 60 патни правци обезбедува развој на патната инфраструктура низ целата држава со што ќе се обезбеди побрз, побезбеден и поефикасен транспорт“, стои во соопштението на СДСМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа