СДСМ: Мицкоски да се извини за штетите што ги нанесе неговата партија

 

„Мицкоски да се извини за штетите што ги нанесе неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи реформскиот процес во интерес на граѓаните Христијан Мицкоски треба да им се извини на граѓаните за штетите што неговата партија ги нанесе со 11 годишното криминално и расипничко владеење“, се вели во соопштението на СДСМ.

Тие обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ за 11-годишно ги партизирање и злоупотребување на институциите, криминално и расипнички трошење на парите на граѓаните, изолирање на државата и поделба на општеството.

„Мицкоски треба да се извини за таквото владеење на неговата партија, да ја објасни неговата улога во насилствата од 27 април и да престане да се крие зад народот. Народот, граѓаните, ги поразија политиките на поделби, деструкција и блокади и одбраа политики што создаваат едно општество за сите граѓани.

Во интерес на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба ги надминат погубните политики на поделби и блокади и да дадат поддршка на реформскиот процес којшто ја движи Македонија напред“, сметаат од владеачката партија.

 

 

 

01.04.2018 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега