ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од директорот на Агенцијата за млади и спорт

 

ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, бидејќи, според неа, збирката што ја промовирала Агенцијата изобилува со шовинистички песни. Претставникот на партијата, Стефан Андоновски, вели дека ја прочитал збирката и ја оценува како просечна, но не ја прочитал првата Македонска енциклопедија објавена од МАНУ.

- „Каевски сам се фати во лага. Тој вели дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека творбите треба да се селектираат. На поетското читање Агенцијата објави дека творби испратиле 48 автори. Каевски исто така тврди дека не знаел оти бил ставен за уредник на збирката“, вели претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

02.04.2018 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега