Дел од скопските населби утре без струја

Од 8 до 16 часот утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Студеничани, општина Студеничани.

Во периодот од 8.30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Сава Ковачевиќ“ и „1“ кај фабриката „Прогрес“ во општина Кисела Вода. Во истиот период без струја ќе бидат жителите од улиците „Саса“ и „1“ во населбата Пинтија.

Без електрична енергија утре од 9 до 15.30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Теодосиј Синаитски“ во општина Карпош. Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Копаница, а од 8 до 15.30 часот корисниците од булеварот „Партизански Одреди“, згради бр. 70Б и 70В.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во овие реони.

09.09.2013 - 11:37
Фото: 
Кичево.мк

најчитано сега