Министерот Спасов го посети прилепското семејство Петровски

 

Денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со градоначалникот на општина Долнени Боше Милошески, директорот на Центарот за социјални работи и претставници на Црвениот крст, го посети петчленото семејство Петровски од село Вранче, Прилеп кое е на  работ на социјална егзистенција, поради што Министерството за труд и социјална политика презеде мерки за укажување првична помош.

Спасов потенцираше дека на Петровски ќе им биде доделена еднократна парична помош,  донации во покуќнина од проектот  „Се грижиме за топол дом“, како и пакети со облека и обувки за децата.

За 12-годишниот Ивица, Министерството обезбеди соодветна инвалидска количка.

Црвениот Крст донираше пакети со храна и прехрамбени артикли, хигиенски намерници, а општина Долнени ќе  додели еднократна  парична помош, дрва за огрев и градежни материјали за реконструкција на руинираната куќа.

 

09.09.2013 - 15:11
Фото: 
А1.он

најчитано сега