Градоначалникот на Дојран од денеска на форум во Анкара

Градоначалникот на Општина Дојран Борче Стамов, од денеска до 14. септември ќе престојува во Анкара на која ќе учествува во работата на форумот на тема „Предизвиците на младите учесници во локалната демократија“ кој се одржува во организација на Советот на Европа.

Форумот во чија што работа учествуваат претставници од младинските совети на општините од 47 земји членки на Советот на Европа, има цел да ги лоцира и разгледа проблемите во младинското раководење на општинско ниво и да помогне во решавањето на специфични прашања за секој регион.

Форумот во Анкара ќе ги промовира Европските вредности и главните документи на Советот на Европа за младински прашања како и учеството на младите во локалниот и регионалниот живот.

10.09.2013 - 15:16
Фото: 
Сител

најчитано сега