Пристигнуваат нови сообраќајни камери кои регистрираат ако типкате на мобилен додека возите
Нови специјални камери кои ја детектираат употребата на мобилен телефон за време на управување со моторно возило веќе се поставуваат во австралиската држава Нов Јужен Велс.
Камерите имаат посебен софтвер кој го детектира користењето на мобилниот телефон. Не само што регистрира кога зборувате на телефон туку и кога само го прегледувате или пак испраќате пораки за време на возењето.
Бидејќи австралискиот закон тоа го дозволува, камерите ќе бидат поврзани на јавна мрежа преку која веднаш штом ќе ја направат фотографијата истата ќе му ја испратат на казнетиот на домашна адреса без за тоа воопшто да знае полицијата, со што се исклучува можноста за било какво влијание или протекционизам.
Поставување на вакви камери најавуваат и неколку европски градови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа