Иванов и Коморовски со своите сопруги ќе го шетаат Охрид

Македонскиот и полскиот претседател Ѓорге Иванов и Бронислав Коморовски во придружба на своите сопруги денеска ќе престојуваат во Охрид, каде ќе посетат повеќе културно-историски знаменитости.

Иванов и Коморовски и нивните сопруги ќе ги посетат Св. Климентовиот храм „Св. Пантелејмон“ на Плаошник, манастирскиот комплекс „Света Богородица Перивлепта“ и галеријата на икони, црквата „Св. Софија“, а ќе ги разгледаат и манастирскиот комплекс „Св. Наум Охридски“ и наколната населба „Залив на коски“.

Полскиот претседател Коморовски од вчера е во официјална посета на Република Македонија. 

11.09.2013 - 08:32
Фото: 
миа

најчитано сега