Уште еден обид да се најде фирма која ќе го обнови скопскиот Луна Парк

Град Скопје по трет пат ќе објави оглас за приватна фирма која целосно ќе го обнови скопскиот Луна Парк.

Луна Паркот е стар околу 40 години и забавните реквизити во него се видливо оштетени .

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, мнозинството советници донесоа одлука да биде објавен трет оглас со кој уште еднаш ќе се побара фирма заинтересирана да прифати партнерство со градот и да инвестира во неговото заживување.

Доколку се постигне договор се очекува скопскиот Луна Парк да прерасне во модерен забавен парк, со европски стандарди и со голем број на забавни реквизити.

Фирмата која ќе биде избрана ќе стопанисува со паркот 35 години и ќе има обврска да го обнови, финансира, дизајнира, да го одржува и да управува со него. По 35 години, концесионерот ќе мора да го пренесе забавниот парк во сопственост на Град Скопје со сите додатоци и подобрувања.

11.09.2013 - 11:48

најчитано сега