Работилница за унапредување на енергетската ефикасност кај претпријатијата

 

Министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Вернер Хенгст денеска ќе ја отворат работилницата за унапредување на енергетската ефикасност кај претпријатијата.

Организатори на работилницата се Министерството за економија и ЕВН Македонија. Работилницата е дел од низата активности на Платформата за енергетска ефикасност, заедничка долгорочна иницијатива на Министерството за економија и ЕВН Македонија, чија цел е подигнување на свеста за потребата од поголема примена на мерките за енергетска ефикасност во сите сегменти на живеењето.

Предвидено е на работилницата да учествува академската заедница, експерти, претставници од институции кои финансираат вакви проекти, претставници од компаниите кои имаат искуства со овој вид проекти.

12.09.2013 - 08:59

најчитано сега