Видео: Вонредна ситуација во Германија - запален стадион

 

Екипата на Хамбург и покрај победата од 2:1 против Борусија Мехенгладбах не успеа да го сочува бундеслигашкиот статус и од следната сезона ќе игра ранг подолу.

Тоа значи дека тимот на Хамбургер за прв пат по 54 години испаѓа во Втората лига во Германија. Од основањето на Бундеслигата во 1963 година овој тим беше учесник во истата, но од наредната сезона нема да биде во елитното друштво во Германија.

Тимот кој во минатото продефилираа многу фудбалски ѕвезди некако успеваше да се спаси од испаѓање во последните неколку години, но тоа не им појде од рака и оваа сезона, па заедно со Келн ќе се преселат во популарната „Цвајте лига“.

Пред самиот крај на натпреварот фановите влетаа во терен и направија инцидент и буквално го запалија стадионот, односно столчињата на најпозната трибина на стадионот.

 

 

 

12.05.2018 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега