Вонредна прогноза: Големо невреме и се подготвува на Македонија

 

Метеоролозите денеска најавуваат дека попладнево на територијата на Македонија се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Под влијание на нестабилна и влажна маса од Медитеранот денеска попладне и утре претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има пообилни врнежи каде се очекува да наврнат повеќе од 25 литри на м2 воден талог.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и суво време.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

12.09.2013 - 13:30

најчитано сега