АМСМ: Блокиран сообраќајкот на Блаце и Јажинце
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, пл.пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.
На патниот правец А2 Гостивар-Кичево, во должина од 1 до 1,5 км во правец од планинскиот превој Стража кон Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.
Режимите за сообраќај на тешките товарни возила на државните патишта во РМ се завршени.
На патниот правец Маврово - Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот е нормализиран.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници, сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правци. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.