• *МОМЕНТАЛНА ЗАГАДЕНОСТ*
  • Популарно денеска
  • Последни вести
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • RSS

  • Насловна
  • Македонија
    • Политика
    • Скопје
    • Црна Хроника
  • Бизнис
  • Свет
  • Забава
  • Спорт
  • Технологија
  • Интервју

Издвоено

  • 21.05.2025 - 15:08
    Добра вест за струмичките земјоделци: Откупната цена на младиот компир се зголемува на 35 денари
  • 21.05.2025 - 14:55
    Детали за денешната акција „Бункер“: Уапсени четворица за убиства и организиран криминал
  • 21.05.2025 - 14:55
    Детали за денешната акција „Бункер“: Уапсени четворица за убиства и организиран криминал

HOT

  • 11.04.2024 - 14:06
    ФОТО: Ријана облечена како калуѓерка позираше со разголени гради, фановите лути
  • 06.02.2024 - 23:25
    Згодната Џина Џиновиќ ужива на Малдивите: Накитот кој го носи вреди цело богатство
  • 11.09.2023 - 23:16
    Зошто жените избираат помалку убави мажи?

Арсовски: Заев и картелот на власт да кажат каде отидоа над 530 милиони евра од Буџетот на државата

 

Откако само една година е на власт криминалниот картел на СДСМ народот пати од беда, а Република Македонија е во економска стагнација. Економијата тоне, нема инвестиции, а за нови работни места не ни станува збор, нема ниту едно ново работно место отворено, ова на денешната прес-конференција го потенцираше Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев пред изборите ветуваше дека економијата ќе била приоритет на неговата  влада, ветуваше 500 евра просечна плата, пари назад во џебовите на  граѓаните и дека ќе ја спречел тенденцијата на иселување на младите луѓе од државата, и сето тоа како што велеше со зачувување на 400 милиони евра годишно кои се  краделе од државата. Доколку ја земеме предизборната логика на  Зоран Заев како појдовна основа, тогаш се поставува логичното прашање каде завршуваат над 530 милиони евра годишно? Каде отидоа половина милијарда евра само изминатава година? Заев и картелот на власт да кажат каде отидоа над 530 милиони  евра од Буџетот на државата, за да нема пари да се остварат проектите кои што ги ветија пред изборите?, прашува Арсовски.

Тој додава дека една година потоа, СДСМ е на власт, а Република Македонија го има најголемиот Буџет во својата историја, за над 130 милиони евра поголем од Буџетот за 2017 година. А државата секојдневно се задолжува.

-Пробиена е психолошката граница од 5 милијарди евра јавен долг и над 4  милијарди евра државно задолжување. Нема 500 евра просечна плата, нема поврат од  15% на ДДВ, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема 600 километри нов автопат, нема 12.000 денари социјална помош, односно  нема ништо од она што го ветуваше СДСМ и Заев пред изборите. Нивото на реализација на капитални инвестиции во првото тромесечие за 2018 година изнесува само 7.5%. Тоа е навистина срамно и мизерно. Секојдневно, како никогаш досега ни се иселуваат граѓаните и се одлеваат капацитетните мозоци од нашата државата. Зоран Заев ветуваше многу, а не реализира ништо. Тој свесно ги лажеше граѓаните само да се дограби до власта, истакнува Арсовски.

Тој додава дека во изминатава година сите имавме можност да се потсетиме како СДСМ  владее, и за жал пред нас минуваат мрачните слики од транзицијата од 90-тите години. Многу лаги, многу манипулација, а работа, проекти и реализација нема. Економијата за прв пат после долго време немаше раст, односно растот на БДП беше 0%, градежништвото како една од клучните гранки во стопанството е колабирано, инвестиции нема, работни места не се отвараат, а платите почнаа и да опаѓаат. Ова е ситуацијата која криминалниот картел успеа да ја направи за една година.

-Затоа на 2 јуни во 20 часот сите заедно пред владата да излеземе и да го почнеме уривањето и разбивањето на овој картел кој ни ја води државата. Македонија заслужува подобро, вели Арсовски.

 

 

 

Tweet

Политика
22.05.2018 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

Tweet

најчитано сега

Македонија обезбеди 6 милијарди евра од Велика Британија: Николоски најави мега проекти

Пресврт на судењето за Вања и Панче: Палевски ги негира вештачењата на МВР, се очекуваат завршни зборови

Детали за денешната акција „Бункер“: Уапсени четворица за убиства и организиран криминал

Нова измама: Уапсени маж и жена од Велес за продажба на „благословени предмети“

Пијан возач предизвикал сообраќајка во Струга: Измерени 2,17 промили алкохол во крвта

Мицкоски: Шест нови базени ќе бидат готови до јули

Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Инцидент во Чаир: Запалена влезна врата на казино со шише со запалива течност

Судир на автомобил и трактор кај Битола: Возачот на „Голф“ тешко повреден, трактористот избегал

ВИДЕО: Арсовска се шета низ Чаир лови дивоградби и пренесува во живо на социјалните мрежи

Палевски во последен обид да докаже дека е невин

(ФОТО) Ужас во Гевгелија: Свирепо мачење штрк, „Анима мунди“ бара итна реакција

ЕУ го „удри“ Тему - нова давачка за секоја пратка за да не биде толку евтино

Внимавајте: Грчката полиција засилено ќе казнува сообраќајни прекршоци - казните ќе доаѓаат и на адреси во Македонија

Македонија

  • 21.05.2025 - 17:44
    Ќосето им се заблагодари на македонските доктори по операциј...
  • Благодарница од македонските граѓани до болницата во Тирана
  • Љутков: Културната дипломатија не е монолог, туку разговор меѓу иденти...
  • Јаневска: Градиме образовен систем, кој ќе ги исполни целите на страте...

Политика

  • 21.05.2025 - 17:14
    Движење ЗНАМ: Неосновани се обинувањата за имотот на Максим...
  • Мицкоски: Поранешни раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, и...
  • Македонија обезбеди 6 милијарди евра од Велика Британија: Николоски на...
  • Мицкоски очекува предлог за нов министер за здравство од „Вреди“ следн...

популарно

  • Голема полициска акција низ Скопје: Се вршат претреси за убиствата на...
  • Палевски во последен обид да докаже дека е невин
  • Внимавајте: Грчката полиција засилено ќе казнува сообраќајни...
  • Крај на повеќечасовните чекања: Грција ќе го надградува Евзони
  • (ВИДЕО) Куќите во вода, жителите качени на покривите: Вонрердна...

Последни вести

  • Ќосето им се заблагодари на македонските доктори по операцијата
    21.05.2025 - 17:44
  • Благодарница од македонските граѓани до болницата во Тирана
    21.05.2025 - 17:29
  • Израелски екстремисти блокираа камиони со хуманитарна помош на границата со Газа
    21.05.2025 - 17:19
  • Движење ЗНАМ: Неосновани се обинувањата за имотот на Максим Димитриевски
    21.05.2025 - 17:14
  • Николоски во Лондон: Шест милијарди евра за Македонија преку Инструментот за поддршка на извозот
    21.05.2025 - 17:11
  • Мицкоски: Поранешни раководства на МЕПСО барале мито од инвеститори, истрагата е во тек
    21.05.2025 - 16:50
  • Македонија обезбеди 6 милијарди евра од Велика Британија: Николоски најави мега проекти
    21.05.2025 - 16:44
  • Трипуновски: За откупот на пролетната зелка имаме девизен прилив од околу 32 милиони евра
    21.05.2025 - 16:23

интервју

  • Орце Ѓорѓиевски: Во партијата не се води внатрепартиска битка за Скопје, туку процес на конструктивна конкуренција

СТАВ

  • Црни денови за уставниот поредок -анализа на предложените измени во Законот за рестрикции

Version 2.01 | 2013                                                                                                                                               импресум |маркетинг | услови за користење | приватност
Њу Медиа Комјуникејшн  © 2010 | сите права заштитени