„Долче и Габана“ го тужат белградското кафуле „Долче и кафана“

 

Модната куќа Долче и Габана тужи кафуле во Белград кое носи слично име на нејзиното.

Како што пренесува 24сата, „Долче и Габана“ подигнаа тужба против Марко Филиповиќ од Белград, бидејќи неговото кафуле се вика „Долче и кафана“.

Казната која кафулето треба да ја плати е 500.000 динари, иако веќе работи скоро една година.

 

 

13.09.2013 - 12:07
Фото: 
блиц.рс

најчитано сега