ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се соочени со ценовно цунами

-Една година СДСМ, една година зголемување на сиромаштијата. Цените на дизелот од јуни минатата година до денес се покачија за над 40%. Од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега плаќаат  65  денари, се вели во соопштение испратено денес од опозициската партија ВМРО- ДПМНЕ.

Од таму велат дека, СДСМ удри по најсиромашните. Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани. СДСМ не работи за граѓаните, затоа и ја покачи акцизата за 3.5 денари. Тоа предизвика директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а во исто време ја поттикна спиралата на раст на цените, со што трошокот за граѓаните е неколкукратно поголем.

-Фрапантни се бројките кои покажуваат дека со една просечна плата во јуни 2017 година се купувале 487 литри дизел, а сега да можат да се купат само 364 литри, односно 123 литри помалку. Тоа е арачот на Заев и криминалниот картел околу него. Затоа Заев и картелот ги одбиваат предлосите да се укинат акцизите и граѓаните да плаќаат поефтино гориво, наведуваат во соопштението.

Од партијата велат дека граѓаните се соочени со вистинско  ценовно цунами, шок кој е на директна штета на најсиромашните. Власта со зголемување на давачките за сиромашните го полни буџетот кој го празни Зоран Заев и картелот кој го води.жДржавата тоне во економска смисла и тоа граѓаните го чувствуваат. Се помалку производи можат да се купат со една просечна плата. Граѓаните  живеат полошо и тоа секојдневно го чувствуваат.

-Република Македонија, не само што нема мрднато од место, на економски план, туку и е уназадена. СДСМ ја води државата кон банкрот и беспарица  незабележана во македонската  историја. Оваа  ненародна власт мора да си замине. Нема да дозволиме државата да продолжи кон бездната.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија, кои не се сложуваат со економската катастрофа која и се случува на државата на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија да излезат и да кажат НЕ за економскиот колапс, за распродажбата на националните интереси, за заробената држава и партизираното судство. Република Македонија заслужува подобро. Ти заслужуваш подобро, наведуваат во соето соопштение од партијата на ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

29.05.2018 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега