До крајот на месецов Кипар ќе добие нова транша од 1,5 милијарди евра

 

Кипар доби зелено светло за примање на новата транша за помош вредна 1,5 милијарди евра. Ова денеска го изгласаа Министрите за финансии од еврозоната. Трансферот на пари ќе стартува на крајот од месецот по одобрение од Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), фондот за поддршка на еврозоната, се наведува во соопштението на министрите објавено по средбата во Вилнус.

- Кипарските власти направија решителни чекори за да го стабилизираат финансискиот сектор, да ги исполнат фискалните цели и да забележат напредок во структурните реформи, се додава во соопштението.

Никозија треба да продолжи со напорите, бидејќи „краткорочната економска перспектива се уште е тешка и изложена на значителна несигурност“.

Кипарскиот министер за финансии Харис Јоргиадис изјави дека Владата е максимално ангажирана, бидејќи „знае какви се проблемите и какви треба да бидат решенијата“.

13.09.2013 - 16:17

најчитано сега