Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Влада: Секоја подарена власт кратко трае - доста е
Опозициската ВМРО ДПМНЕ, вечерва одржува митинг пред Владата, а лидерот Христијан Мицковски истакна дека треба да се покаже колкава е силата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ајде да покажеме колку ни е силата! Ајде да покажеме колку ја сакаме Македонија! Ајде сите заедно да одговориме достојно на предизвиците и да кажеме гласно и јасно дека чашата е прелиена, доста е, вака повеќе не може, вака веќе не смее. Мислеа дека нема да излезе народ, не прогонуваа, кога се закануваа дека ќе бркаат од работа сакаа да ве премислат, кога сакаа да не понижат сакаа да се исплашите, разбегате. Но еве не, еве не тука, побројни и посилни, народот наш е пиреј, кој се исправа на нозе тогаш кога е најтешко, и тогаш кога е најпотребно. Затоа што, како што велеше Гоце, „Секоја слобода која е подарена е всушност ново ропство“. И да знаете, секоја власт што е подарена кратко трае. И еве тука вие, и тие од домовите, кои не се тука со нас но срцето им трепери, знаат дека Македонија ни се одзема и полека губи, и сакаат сето ова да престане. Од сите страни на нашата Македонија, од сите населени места пораката е една и единствена – Доста е, вели Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа