Груби: Договорот за името со Грција ќе се потпише наредниве неколку дена

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, каде зборуваше за процесот за решавање на спорот со името и истакна дека денови се во прашање во потпишување на Договорот за надминување на спорот за името.

 Груби нагласи дека како партија и како дел од власта биле целосно вклучени па дури и помогнале да се дојде до решение за името во делот на преводливоста во патните документи на националноста на припадниците на останатите етнички заедници во Република Македонија.

– Доближени се ставовите на експертските тимови и јас сум оптимист дека наскоро ќе има решение со кое ќе се зачува она што е најбитно, пред сè, за моите сограѓани Македонци, зачувувањето на македонскиот идентитет – рече Груби.

 

 

 

04.06.2018 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега