СДСМ: Растот на извозот потврда дека економијата се движи во вистински правец

Уште еден економски параметар покажува дека политиките на СДСМ во економијата се успешни и даваат резултати. 

Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари - април 2018 година, изнесува 1 милијардa 771 милион и 121 илјади евра, што е за 14,3 отсто повеќе споредено со истиот период од 2017 година.

По рекордниот влез на странски инвестиции од 235 милиони евра во првите три месеци од годинава, ова е уште една потврда дека економијата се движи во вистинскиот правец.

Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да ги спроведува зацртаните мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, нови работни места, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

 

 

 

05.06.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега