СДСМ: Со денешната аукција нема ново нето задолжување
ВМРО-ДПМНЕ не престанува со лажните вести, со денешната аукција нема ново нето задолжување. валат преку соопштение од СДСМ.
„Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за задолжувања кога токму таа партија за 11 години владеење тројно го зголеми јавниот долг само за да се задоволат криминалните апетити на Никола Груевски и фамилијата. Лажна е информацијата на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија денес се задолжила.“се вели во нивното соопштение.
Според официјалните информации од Министерството за финансии, на денешната аукција запишани се 22,24 милиони евра, а веќе утре ќе бидат вратени 22,46 милиони евра по основ на стари долгови направени токму од ВМРО-ДПМНЕ, велат оттаму.
„Со домаќинските и одговорни политики, Владата предводена од СДСМ отвора можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години, откако ќе бидат исплатени старите задолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра. Наместо да им се извинат на граѓаните за огромните долгови што ги оставија зад себе, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, продолжуваат со политиките на Груевски засновани на лаги, измислици и лажни вести.“ стои во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа