„Џонсон Мети“ задоволни од Македонцитe - компaнијата ќе вработи 600 лица во своите фабрики

 

Почна со работа и втората фабрика на „Џонсон Мети“ сместена во Бунарџик. 

Генералниот директор на „Џонсон Мети“, Џатин Такрар во интервју за „Утрински весник“, најаввжува дека и втората фабрика ќе ги произведува истите производи како и првата фабрика. Тој вели дека со воведувањето на ново законодавство за емисии во Европа, ќе се зголеми побарувачката за автомобилски катализатори, а втората фабрика е наменета за проширување на нивните капацитети и за да се одговори на порастот на побарувачката

-Во првата фабрика имавме 300 вработени, а таа бројка сега се искачи на околу 450. Ќе регрутираме повеќе луѓе, како што ќе воведуваме нови смени на секоја линија, и се надеваме дека ќе стигнеме до 600 вработени кога двете фабрики ќе работат со полн капацитет, вели Такрар за Утрински весник.

Такрар вели дека се задоволни од работната сила. Македонците се најбројни меѓу вработените, но, има и мал број вработени кои се прераспределени од сестринските компании.

- Засега сме многу задоволни од нашата работна сила, и тоа врз основа на резултатите постигнати во фабриката во однос на сите клучни индикатори на производство. Од почетокот имавме неколку ревизии од потрошувачите од европските автомобилски групи, и сите беа импресионирани од фабриката за производство и способностите на локалниот тим. Покрај тоа, посетителите од другите компании на „Џонсон Мети“ од целиот свет беа, исто така, импресионирани од нивните македонски колеги и тоа што го постигнале во краток временски период од почетокот на работата. Позитивниот фидбек од тие посети се прифаќање на нашата локална работна сила и она што може да се постигне, вели Такрар.

Тој за Утрински весник вели дека главните критериуми за селекција на вработените зависат од вештините и квалификациите потребни за одредена работа позиција. Некои места, вели Такрар, бараат релативно основни нивоа на образование, а дополнителните обуки кои се потребни ги обезбедува самата компанија. Тој вели дека има и позиции кои се поспецијализирани и бараат и универзитетски степен и идеално ниво на реално професионално искуство.

Целото интервју со него, прочитајте го на Утрински Весник

14.09.2013 - 15:02

најчитано сега